Работнички доби ново тренерско решение. Клубот официјално го претстави Алпарслан Ердем како нов предводник на стручниот штаб, по разделбата со Бојан Маркоски која дојде поради слабите резултати на стартот од првенството.
Турскиот стратег не е непознато име за македонскиот фудбал, бидејќи минатата сезона го водеше Шкупи, што му овозможува добро познавање на конкурентите во лигата. Договорот со Работнички е склучен до крајот на тековната сезона, со можност за продолжување на соработката.

Минатата година „романтичарите“ под водство на Горан Станиќ завршија на третата позиција во првенството и обезбедија настап во квалификациите за Конференциската лига, а по неговото заминување на клупата на младата репрезентација (У21), тимот го презеде Бојан Маркоски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













