Работнички и Струга Трим Лум одиграа борбен, на моменти и тензичен пријателски напревар во Охрид, кој заврши без голови. Многу борба, желба, дури и тензија, прикажаа фудбалерите на двете екипи, но мрежите мируваа. Во првото полувреме имаше дури четири исклучувања, по две на двете страни. По една машаница, беа исклучени Лука и Марио Станковски од редовите на Работнички, како и Ѓуриќ и Цаке од Струга ТЛ. Но, судијата дозволи и двете екипи да играат со полни состави.
Струга Трум Лум имаше убава можност за водство во второто полувреме, но одбраната на Работнички успеа да спаси во последен момент од гол линијата.
Во тимот на „романтичарите“ дебитираше и најновото засилување, Никола Прелчец, кој вчера потпиша договор со Работнички откако го напушти Борец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













