Работнички и Шкупи денеска (17 часот) на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе го заокружат првото коло од новата сезона во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ имаат многу поголеми амбиции во овој шампионат, со оглед дека сериозно се засилија во летниот преоден рок, а Шкупи од вчера е без најдобриот играч, брзоногиот Реналдо Цефас кој направи трансфер во турскиот прволигаш Анкарагучу.
Тренерот Милан Илиевски вели дека тимот на Работнички е подготвен за првенствениот старт и очекува тежок и неизвесен натпревар против Шкупи.
„Имаме максимален респект за Шкупи, тие се во натпреварувачки ритам, а ние допрва ќе фаќаме залет. Мислам дека одработивме одлични подготовки, игравме против силни екипи и тоа требаше да биде вистинска увертира за првенствените предизвици што нѐ очекуваат. Верувам дека ќе се претставиме во добро издание и очекувам тежок и неизвесен натпревар. Кога ќе почне првенството, тогаш секако дека бодовите се најважни, а ние ќе сториме сѐ да стигнеме до позитивен резултат на стартот“, вели шефот на стручниот штаб, Милан Илиевски.
Мечот меѓу Работнички и Шкупи е закажан за 17 часот на стадионот „Борис Трајковски“, а главен судија ќе биде Александар Ставрев од Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













