Connect with us

Пулишиќ ќе биде соиграч на Пандев?

Кристијан Пулишиќ ја загуби довербата кај тренерот на Челзи, Томас Тухел и сака да го напушти „Стемфорд бриџ“. Изненадување е сепак најавата дека би можел да му стане нов соиграч на Горан Пандев во Џенова.

Пулишиќ и Тухел одлично се познаваат, но Германецот смета дека формата на 23-годишниот офанзивец е далеку од онаа што треба да ја има првотимецот на актуелниот европски шампион. Американецот со хрватски корени пристигна во Лондон со епитетот наследник на Еден Азар, но не успеа да ги исполни големите очекувања на навивачите и на клупските челници.


Комплетната ситуација го натера легендарниот Украинец Андреј Шевченко да воспостави преговори со поранешниот клуб и да го доведе Пулишиќ во својата Џенова.

Џенова е во катастрофална форма и е при самото дно во италијанската Серија А, а доколку сака да избегне испаѓање, неопходно е да доведе неколку засилувања во јануари.

Шевченко свесен за можностите на својот работодавец сака исклучиво и првенствено да го доведе Пулишиќ на позајмица, со што би биле задоволни и во Челси. Во случај Американецот да задоволи на позајмица во Џенова, би се разговарало за неговиот постојан трансфер, колку и да звучи невозможно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови