Connect with us

Пукале кон семејството на Антонела и оставиле порака за Меси: Те чекаме, ти си следен!

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси (37) добил заканувачка порака во родниот градот Росарио. Непознати сторители пукале на маркетот што го водат родителите на неговата сопруга Антонела Рокуцо и оставиле порака за Лионел Меси.


Безбедноста на Лионел Меси е сериозно загрозена по инцидентот во аргентинскиот град Росарио. Непознати лица отвориле оган на супермаркетот што го водат родителите на неговата сопруга Антонела Рокуцо и оставиле порака.

Јавно му се заканија дека го чекаат и дека е следен во редот.

„Меси, те чекаме. Јавкин (градоначалникот на Росарио) исто така е дилер на дрога и нема да ти помогне“, стои во пораката оставена по пукањето.

Полицијата во Росарио соопшти дека кон супермаркетот биле испукани 14 куршуми. Се уште се трага по сторителите и нема информации кој би можел да направи вакво нешто.

Родителите на Антонела, Хозе и Патриша, се потресени од она што се случи. Тие се сосема обични луѓе кои не зависат премногу од својата богата ќерка и се трудат да заработат за живот со сопствен труд.

Ваквиот инцидент навистина ги исплаши. Не можат да поверуваат дека некој толку го мрази нивниот познат зет што би се обидел да им наштети на овој начин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови