Фудбалерите на Пари Сен Жермен се вратија на првото место во францускиот шампионат, откако славеа на гостувањето кај Мец со 2-3 во натпреварот од 16. коло на Лига 1. Сепак, многу поважен податок за тимот на Луис Енрике е тоа што актуелниот европски првак собори рекорд по бројот на постигнати голови, иако играта не беше на импресивно ниво.
ПСЖ вечерва стигна до својот 173. погодок во 2025 година, со што го надмина рекордот од 2017 година, кога „светците“ застанаа на еден гол помалку од актуелниот ефект. Но, ниту овој историски момент не ја разубави сликата за тимот, кој очигледно сè потешко се снаоѓа на сите фронтови.
По неубедливото реми на гостувањето во Билбао во Лигата на шампионите, избраниците на Луис Енрике отпатуваа во Мец со јасна цел – да се вратат на врвот на табелата во француското првенство, барем до неделниот дуел меѓу Ленс и Ница.
Иако Мец важи за еден од послабите тимови во лигата, фактот што тимот на Луис Енрике веќе киксна на четири гостувања оваа сезона беше доволно предупредување за актуелниот европски шампион.
Домаќинот одолеваше сè до 31. минута, кога Гонзало Рамош одлично скокна и со глава ја смести топката во мрежата по центаршутот на Канг-Ин Ли. Само осум минути подоцна, Ендијанту ја удвои предноста на „светците“.
Фудбалерот роден во 2007 година одлично го почувствува просторот и ја постави ногата на центаршут на Ембаје, по што веќе беше се претпоставуваше дека бодовите ќе заминат за Париз.
Сепак, драмата не изостана, бидејќи Жеси Деманж постигна одличен гол, реагирајќи од прва откако топката среќно се одби од него.
Тоа беше најава за возбудливо второ полувреме, но Дезире Дуе во 63. минута, по контранапад, повторно му донесе предност од два гола на тимот од Париз, по што стана јасно дека Мец тешко ќе стигне барем до реми.
Токму кога изгледаше дека избраниците на Луис Енрике без поголеми проблеми ќе ја приведат победата до крај, Мец преку Георг Цитаишвили во 80. минута со многу убав погодок внесе нова драма во натпреварот.
До крајот на мечот ПСЖ успеа да ја сочува минималната предност.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња ја „среди“ Осасуна (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора













