Connect with us

ПСЖ му порача на Мбапе: Ќе седиш цела сезона на клупа ако не потпишеш нов договор

Францускиот гигант Пари Сен Жермен ќе ги примени истите методи како и со Адриен Рабио во минатото, доколку Килијан Мбапе не потпише нов договор со клубот. Тој влегува во последната година од актуелната соработка и веќе најави дека не сака да потпише нов договор одбивајќи ја понудата на „светците“.

Сепак, многу брзо од клубот му порачале дека нема да си помине убаво во претстојната сезона доколку се инаети за новиот договор. Неговата намера е да замине во Реал Мадрид, но претседателот Насер Ал Келаифи не сака ни да слушне за таков развој на настаните.

ПСЖ планира да го остави Мбапе на трибините или пак можеби и да го испрати во резервниот тим „жртвувајќи“ му ја целата сезона доколку не стави потпис на нов договор.

Мбапе имаше лош настап за Франција на Европското првенство, го промаши и пеналот против Швајцарија кој ги чинеше „триколорите“ елиминација во осминафиналето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови