Францускиот првак Пари Сен Жермен сака да го доведе италијанскиот репрезентативец и чувар на мрежата на Милан, Џанлуиџи Донарума. Раководството на „светците“ му нуди двојно поголема плата од сегашната за да го напушти „Сан Сиро“ и да се пресели во Париз.
Донарума оваа сезона заработува 6 милиони евра во дресот на Милан, а италијанскиот клуб може да му понуди најмногу 8 милиони евра по сезона за продолжување на соработката. Но, и тоа е многу помала сума од понудата која доаѓа од Париз.
Најголемата желба на Џанлуиџи Донарума е да игра со Милан во Лигата на шампионите, тоа најверојатно би можело да му се оствари идната сезона, но настап во елитата секако му гарантира и ПСЖ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski