
Пари Сен Жермен размислува да поднесе формална жалба до ФИФА поради вплеткувањето на Реал Мадрид во сагата за Килијан Мбапе. Причината за ова е што во Париз се убедени дека напаѓачот веќе има договор со „кралевите“ следното лето да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч.
Неподготвеноста на Мбапе да потпише нов договор, во комбинација со неговото одбивање да преговара со други клубови за трансфер, го докажува договорот на капитенот на Франција со Реал Мадрид, тврдат од „Паркот на принцовите“.
Регулативите на ФИФА забрануваат преговори и договори меѓу друг клуб и засегнатиот играч повеќе од шест месеци пред истекот на договорот на играчот. Тоа значи дека доколку навистина ПСЖ успее да докаже преговори и претходен договор меѓу Мбапе и Реал, „кралскиот клуб“ би можел да биде казнет од ФИФА.
Најсериозна санкција за вакви прекршоци е воведување трансферно ембарго на одреден период за клубот кој ги прекршил правилата.
Во меѓувреме, вчера истече рокот Мбапе да ја активира опцијата за продолжување на договорот со ПСЖ за дополнителни 12 месеци. Францускиот клуб од денеска веќе должи половина од бонусот за верност вклучен во договорот на напаѓачот. Нејзината целосна сума е 80 милиони евра. Поради ова, клубот ќе направи сѐ за да го продаде Мбапе пред 31 август за да ја заштеди барем втората уплата од 40 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
