Connect with us

ПСЖ ќе го откупи Нуно Мендеш за 40 милиони евра

Францускиот гигант Пари Сен Жермен одлучи да го откупи договорот на Нуно Мендеш. Клубот ќе потроши 40 милиони евра и ќе го откупи левиот бек кој е позајмен од Спортинг Лисабон.


Талентираниот Нуно Мендеш лани експлодираше во дресот на португалскиот тим. Ја освои титулата и веднаш го привлече вниманието на големите клубови, има само 19 години и веќе одигра 11 натпревари за сениорската селекција на Португалија.

Претходно, ПСЖ плати 7 милиони евра на Спортинг за едногодишна позајмица на фудбалерот.

Што се однесува до останатите засилувања, нема да има големи промени во ПСЖ оваа зима, можно е да си замине само Мауро Икарди иако Покетино би сакал и тој да остане и да има поширок ростер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови