Connect with us

ПСЖ го сака Мохамед Салах како замена за Мбапе

Францускиот гигант Пари Сен Жермен со сите сили ќе тргне по Мохамед Салах следното лето. Спортскиот директор Леонардо и тренерот Маурисио Покетино сметаат дека тој би бил идеална замена за Килијан Мбапе, кој не сака да го продолжи договорот и најверојатно како слободен агент ќе се пресели во Реал Мадрид.


Француските медиуми откриваат дека ПСЖ ова лето одбил да го пушти Мбапе, токму поради фактот што не успеале навреме да го договорат Салах. Но, „светците“ нема да жалат пари за да успеат да го доведат на „Паркот на принцовите“.

Египќанецот игра фантастична сезона, но се уште не може да се договори со Ливерпул за продолжување на соработката бидејќи бара да биде најплатен фудбалер во Премиер лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови