Connect with us

ПСЖ го избра Осимен за наследник на Килијан Мбапе

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, наскоро би можел да стане играч на Пари Сен Жермен, пренесува „Ил Матино“. Според изворот, италијанскиот калчолигаш очекува официјална понуда од парижаните во висина од 120 милиони евра.

Осимен нема да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, иако Наполи доби понуда од еден од клубовите.

Сезонава Осимен за Наполи одигра 28 натпревари на кои постигна 15 гола и забележа четири асистенции. Неговата вредност е проценета на 110 милиони евра.


Договорот на 25-годишниот напаѓач со клубот е до летото 2026 година.

Осимен за Наполи игра од 2020 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови