Connect with us

ПСЖ го договори трансферот на Франк Кеси?

Францускиот гигант Пари Сен Жермен го договори трансферот на Франк Кеси од Милан, тврдат медиумите во оваа земја. Спортскиот директор Леонардо имал состанок со агентот на Кеси и се согласил на барањата на фудбалерот на Милан кој летото ќе биде слободен агент. Тој ќе заработува 8 милиони евра по сезона, плус бонуси, плата која Милан не можеше да си ја дозволи за да го задржи интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска.


Кеси треба да заземе место во средниот ред на ПСЖ, откако Џорџинио Вајналдум се повеќе делува како промашување.

Следна цел на Пари Сен Жермен останува ангажман на нов напаѓач, односно замената за Мбапе кој речиси сигурно ќе замине во Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови