Connect with us

ПСЖ без Меси против Лајпциг во ЛШ

Францускиот тим ПСЖ ќе биде сериозно ослабен на утрешното гостување против Лајпциг во Лигата на шампионите. Аргентинскиот ас Лионел Меси не е во комбинација за настап на оваа средба поради повреда.

Тој беше повлечен на полувремето на натпреварот против Лил во француското првенство и лекарскиот тим на ПСЖ вели дека во моментот не е максимално подготвен за настап. Спортскиот директор Леонардо напомена дека Меси има проблеми со честите патувања и дека поради тоа најмногу страдаат мускулите.

Покрај Меси, тренерот Маурисио Покетино во тимот ќе го нема и Марко Верати, а неизвесен е настапот и на Килијан Мбапе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови