Connect with us

Прв триумф за Вардар во Анталија, реми за Работнички во Хрватска

Вардар во третиот натпревар на подготовките во Анталија успеа да стигне до првиот триумф. Нашиот најтрофеен клуб славеше против Металург Бекабад од Узбекистан со 2-0. Стрелци на головите беа Ристовски во 16. минута и Лемос во 43.минута.


Работнички ремизираше 1-1 против полскиот второлигаш Тичи на „Медулин Куп 2024“. Влатко Стојановски поведе со голот на Влатко Стојановски во 33.минута, а противникот израмни во второто полувреме.

Силекс одигра 2-2 против Поградец, второлигаш од Албанија, на подготовките во Охрид. Кратовци поведоа со головите на Масевски и на Манасиевски, а противникот потоа стигна до израмнување.

Воска на подготовките во Црна Гора одигра 2-2 против Рудар Плевља. Стрелци на головите беа Менсалао и Марушиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови