Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 по одиграните јунски натпревари од квалификациите ја очекуваат два контролни дуела против селекцијата на Босна и Херцеговина. Првиот тест овие две селекции ќе го одиграат денеска на стадионот во Ѓорче Петров, со почеток од 17 часот.
Тоа ќе биде можност за селекторот Драган Канатларовски да ги провери новите сили за младиот национален тим.
„Имаме нова генерација на млади фудбалери која поседува квалитет, почнуваме да ја подготвуваме за следниот квалификациски циклус што почнува во март. Треба да извлечеме голема поука од претходниот циклус. Да корегираме се што беше негативно, а позитивните работи да ги прифатиме и да продолжиме со напорната работа. Се надевам дека новата генерација ќе има поголем успех од претходната, повеќето фудбалери ги имаат поминати сите млади селекции на Македонија, се познаваат, што е добар знак пред почетокот на квалификацискиот циклус. Од старт почнуваме заедно, се надевам дека ќе имаме успешни квалификации”, изјави Канатларовски.
Втората контролна средба меѓу Македонија и БиХ е закажана за 12. јуни. Натпреварот ќе биде одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 17 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Модриќ: Милан мора да победува ривали како Пиза













