Атлетико Мадрид дојде до петтата победа во Ла Лига, но прва на гостински терен, откако славеше со 0-2 кај Бетис на „Бенито Виљамарин“ во десеттото коло.
Избраниците на Диего Симеоне поведоа практично од првата сериозна шанса на натпреварот – уште во третата минута. По изведен корнер од левата страна, топката стигна до Џулијано Симеоне, кој со прецизен волеј ја смести во мрежата за водство од 0-1.
Атлетико продолжи со офанзива, а добра можност имаше и Хулијан Алварез, но резултатот остана непроменет.
Во 46. минута гостите ја удвоија предноста на 0-2. Алекс Баена постигна убав гол, откако доби додавање од Алварез во шеснаесетникот и одлично погоди во спротивниот агол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













