Connect with us

Проблем за Гвардиола: Стоунс ќе паузира еден месец

Пеп Гвардиола потврди дека Џон Стоунс ќе го пропушти следниот месец откако заработи повреда на бутниот мускул на дуелот против Арсенал. Менаџерот на Манчестер Сити зборуваше и за Фил Фоден и потврди дека англискиот репрезентативец е фит по проблемите со ногата и ќе може да се врати на следниот натпревар.


„Стоунс ќе биде надвор од терените три недели, можеби еден месец. За жал, играме многу натпревари. Тој доаѓа од Светското првенство и „потрошен“ е. Мислам дека Фил Фоден ќе биде достапен, тој добро тренира во последните два дена“, сподели Гвардиола.

Пеп Гвардиола има проблеми во одбраната со отсуството на Џон Стоунс и на Жоао Кансело, кој прејде на позајмица во Баерн Минхен.

„Граѓаните“ ги загубија сите три гостувања на новиот стадион на Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови