
Фудбалерот на Баерн Минхен, Лирој Сане, ќе биде надвор од терените извесен период поради повреда на левата натколеница, соопшти денеска германскиот клуб. Лекарските прегледи покажаа дека Сане го скинал левиот бутен мускул при вчерашната победа над Фрајбург (5-0), соопшти Баерн.
Од клубот не прецизираа колку долго германскиот репрезентативец ќе биде надвор од теренот. Сане одигра 76 минути и беше стрелец во убедливата победа против Фрајбург.
Баерн следно игра против Аугсбург во среда во второто коло од Купот на Германија, пред да гостува во Хофенхајм в сабота во Бундес – лигата и Барселона во Лигата на шампионите следната недела.
Повредата на Сане ја загрижи германската спортска јавност пред Светското првенство во Катар. Крилниот напаѓач е важна алка во машинеријата на германскиот селектор Ханси Флик.
Германците на Мундијалот ќе играат во групата Е заедно со Шпанија, Јапонија и со Костарика.
Светското првенство започнува на 20 ноември, а селекторите имаат обврска да го достават списокот на играчи до 14 ноември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
