
Селекторот на полската репрезентација, Михал Пробиеж, официјално се огласи околу одлуката да му ја одземе капитенската лента на Роберт Левандовски. На прес-конференција пред медиумите, Пробиеж истакна дека не станува збор за лесна одлука, но дека таа била нужна во овој момент.
„По разговори со неколку играчи и дел од стручниот штаб, имав време да ја разгледам ситуацијата. Заклучив дека промената на капитенот е потребна“, рече Пробиеж.
Селекторот откри и детали од својот телефонски разговор со Левандовски:
„Разговаравме накратко. Му објаснив дека нешто мора да се промени и дека е подобро Пјотр Зиелински да ја преземе капитенската улога. Роберт ми рече дека капитенската лента за него не значи многу и дека тоа ништо не менува во тимот. Од негов агол можеби е така, но од мојот – промената значи многу“, додаде тој.
Пробиеж посочи и дека не се согласил со предлогот на Левандовски јавноста да биде информирана дека самиот се откажал од лентата.
„Роберт сакаше да се објави дека сам се повлекол од таа улога, но јас му реков дека тоа нема да се случи бидејќи одлуката беше моја. Му заблагодарив. Тој е исклучителен фудбалер кого многу го ценам. Вратата за негово враќање во тимот не е затворена. Му посакувам се најдобро.“
На крајот, селекторот беше дециден:
„Националниот тим е мојот приоритет. Знам колкава е одговорноста. Верувам дека ова беше исправна одлука.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Мевљан Мурати
