Паузата во првенството поради репрезентативните настапи, најголем дел од прволигашките и второлигашките клубови ја пополнија со пријателски натпревари.
Шкендија го победи Гостивар со 1-0, а стрелец на голот беше Влатко Стојановски во 23 минута.
Македонија ЃП исто така минимално славеше над Вардар со 1-0, со голот на Фахрудин Ѓурѓевиќ.

Второлигашот Арсими го победи Работнички со 3-0. Стрелци на головите беа Хузри Џемаили, Албула Имери и Ерион Шуку.
Академија Пандев загуби од Детонит Плачковица со 0-1, а стрелец беше Настевски.
Брегалница го победи Пирин Благоевград со 0-1. Марјан Алтипармаковски од пенал го постигна голот за штипскиот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













