
Единаесет национални федерации од Југоисточна Европa, меѓу кои и претставници на ФФМ, денеска се собраа на состанок во Тирана во седиштето на Албанската фудбалска федерација. Домаќин беше потпретседателот на УЕФА, Арман Дука, а на собирот се дискутираше за критичните аспекти на стратегијата за развој на фудбалот на УЕФА.
Во Тирана се разговараше за идниот формат на европските натпреварувања, во кои има сериозни промени од следната сезона, за новата програма за солидарност и судиското работење. Други теми за кои се разговараше беа статистиката и анализите во спортот и финансиите, системите за обложување и новите можности на земјите учеснички.
На состанокот присуствуваа претставници на Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија, Словенија, Турција и на Албанија.
По презентацијата на споменатите теми, присутните се вклучија во разговори за иднината на европскиот фудбал, во кои сите учесници ја изразија својата безрезервна поддршка на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и администрацијата на европската фудбалска централа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
