
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов е позитивен на Ковид-19. Ова само ги зголемува проблемите на новиот селектор Благоја Милевски во пресрет на септемвриските квалификациски натпревари на фудбалската репрезентација на Македонија против Ерменија, Исланд и против Романија.
Милевски денеска напладне треба да го соопшти списокот, најверојатно на него ќе биде и Бобан Николов, но со голем прашалник до неговото име. Дури и да го надмине коронавирусот во наредните неколку дена, тој нема играно официјален натпревар после Европското првенство. Долг период бараше нов клуб, а сега кога потпиша за Шериф Тираспол, нови проблеми со коронавирусот. Сепак, најважно е Бобан Николов да оздрави брзо, да го надмине вирусот.
Крајно неизвесен за настап во дресот на Македонија за оваа квалификациска сесија е и Аријан Адеми. Тој само што се опорави од повредата која подолг период го оддалечи од теренот, но, според зборовите на неговиот тренер во Динамо Загреб, Дамир Крзнар, се уште не е доволно подготвен за да биде стартер.
Македонија првиот натпревар го игра на 2. септември против Ерменија во Скопје. Потоа следи гостување на Исланд на 5. септември, а на 8. септември на домашен терен ја пречекува Романија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
