
Петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, не планира да паузира по учеството на Светското првенство во Катар. Само четири дена по елиминацијата на Португалија од Мундијалот, големата ѕвезда повторно тренира. И тоа на местото кое му беше дом девет години.
Шпанските медиуми информираат дека Кристијано Роналдо утрово одржал тренинг во клупската база на Реал Мадрид, „Валдебебас“.
Роналдо за тоа доби дозвола од раководството на клубот, а тренираше индивидуално на различен терен од оној на кој Карло Анчелоти ја водеше денешната сесија со првотимците на „кралевите“.
Присуството на Роналдо за многумина беше изненадување, но нема врска ниту со враќање во Реал, ниту со евентуален трансфер во Атлетико. Тоа исто така се шпекулираше пред извесен период.
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед сака само да биде во совршена форма за својот нов клуб, во кој треба да се приклучи на почетокот на јануари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
