
Шпанскиот стратег Унаи Емери е последниот кој ја одби богатата понуда на Њукасл да седне на кормилото на англискиот премиерлигаш. Новите богати сопственици го отпуштија Стив Брус, но подолг период не можат да најдат адекватно решение за клупата. Досега имаа преговори со неколку познати имиња, Антонио Конте, Стивен Џерард, Брендан Роџерс, Франк Лампард, но засега без успех. Најновата „корпа“ дојде од Емери, кој претходно беше менаџер на Арсенал, а во моментов го предводи Вилјареал.
„Речиси се беше договорено со Унаи Емери, дури и отштетата што треба да ја добие Вилјареал. Но, сепак, пресуди една клаузула во договорот кој шпанскиот стратег инсистираше да биде повлечена“, откриваат британските медиуми.
Унаи Емери не се сложил да потпише договор со Њукасл, а тој автоматски да биде раскинат ако клубот не успее да го сочува статусот во Премиер – лигата. Во моментот, Њукасл е претпоследен на табелата и има само четири освоени бода, шест помалку од Лидс Јунајтед кој е над зоната за испаѓање.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
