
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ нема потешка повреда. Во текот на денешниот ден тој беше на прегледи откако поради болка во задната ложа мораше да го напушти теренот против Данска, кој заврши без голови.
Повредата не е сериозна, па Влаховиќ ќе мора да направи само кратка пауза.
Сепак, тој ќе го пропушти дербито на Јувентус против Милан на „Сан Сиро“, како и гостувањето кај Астон Вила во Лигата на шампионите.
Се очекува Влаховиќ да биде подготвен за гостувањето против Лече, кое е закажано за 1 декември.
Дербито со Милан е на програмата в сабота од 18 часот, а натпреварот против Астон Вила на „Вила Парк“ е во среда, 27 ноември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 ремизираше (2-2) против Унгарија

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
