Connect with us

Повредата на Муслиу беше посилна од желбата за играње

Дефанзивецот Висар Муслиу не е во составот на Македонија за вечерашниот натпревар против Казахстан. Тој вчера не го одработи последниот тренинг, но постоеше мала надеж дека можеби ќе успее да се опорави и да заигра вечерва. Сепак, очигледно дека повредата е посилна од желбата на репрезентативецот да настапи и да им помогне на соиграчите.

Муслиу воопшто не е во официјалниот записник и натпреварот ќе го следи од трибините.

Тој се повреди во второто полувреме од натпреварот меѓу Белгија и Македонија во Гент.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови