Еден Азар не е повреден, но Реал Мадрид ќе мора да биде внимателен со него со цел да не го преотовари повторно мускулот. Тој наизменично работи деновиве со остатокот од тимот и тренира сам по враќањето од меѓународната должност со Белгија.
Најновите тестови исклучија можна повреда на мускулот по неговото учество во Лигата на нации со Белгија, со што се потврди дека тој само страдал од грчеви и замор на мускулите, вели “Марка”. Ако во Реал бидат претпазливи со него, следните неколку месеци треба да бидат одлична шанса за 30-годишниот фудбалер, конечно, да покаже што може да направи.
Во раните фази на оваа сезона Азар има солидна минутажа за својот клуб, а во случај на повторна повреда, тоа би можело да биде последната капка за крилниот напаѓач во Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal