Јирген Клоп е врвен тренер, фудбалски страгег кој се докажа и во Бундес-лигата, а ја освои и Премиер – лигата, но и многу повеќе од само менаџер. Тој е човек кој сака да помогне, посебно на најмладата полулација. Менаџерот на Ливерпул му испрати писмо на 11 – годишен навивач на клубот кој му се пожали дека е вознемирен и чувствува анксиозност затоа што во моментот не може да оди на училиште поради коронавирусот.
„Драг Луис, сакаш да ти кажам една тајна? И јас сум нервозен. Искрено, би бил загрижен ако не сум нервозен, затоа што тоа после ми дава шанса да го претворам во позитивна енергија. Знам дека за момче како тебе е чудно и менаџерот на Ливерпул да е нервозен. Не треба да се грижиш премногу за овие лоши работи што се случуваат. Јас имам загубено неколку финалиња и тоа е навистина лошо чувство, но со поддршка од моето семејство и од пријателите секогаш одам напред. Те молам биди позитивен и гледај на работите од убавата страна, ти ќе пораснеш и ќе имаш прекрасни моменти во животот. И не заборавај дека си дел од семејството на Ловерпул, а тоа значи дека имаш милиони и милиони пријатели. Ти ни ја даваш поддршката, а ова писмо треба да те увери и ние секогаш те поддржуваме тебе“, напиша Клоп во дел од писмото испратено до малиот Луис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal