
Анге Постекоглу доби отказ од клупата на Тотенхем, само неколку дена по најголемиот успех на клубот во последните две децении – освојувањето на Лига Европа против Манчестер Јунајтед. И покрај тоа што обезбеди пласман во Лигата на шампионите и го прекина 17-годишниот пост без трофеј, сопственикот Даниел Леви реши да стави крај на соработката со австралискиот стратег.
Во својата ера, Постекоглу запиша 47 победи и 39 порази, но очигледно бројките и резултатите не биле доволни за да му гарантираат стабилност на клупата. Леви, познат по својата непредвидлива рака кога станува збор за менаџери, уште еднаш ги разбранува страстите кај навивачите – кои веќе гласно протестираат и го обвинуваат за хаосот што владее во клубот.
Тренерот кој ја врати надежта и донесе радост во редовите на Тотенхем, сега заминува без јасно објаснување. Одлуката на Леви беше дочекана со неверување од голем дел од фудбалската јавност, вклучувајќи и поранешни стручњаци и играчи кои одамна го критикуваат неговиот начин на водење на клубот.
Сè уште не е познато кој ќе го преземе кормилото на Тотенхем во следната сезона, но едно е сигурно – наследникот на Постекоглу ќе има тешка задача не само да ги повтори неговите резултати, туку и да ја поврати довербата на незадоволните навивачи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло
