
Пишува: Никола Ѓуровски
Најтрофејниот македонски клуб Вардар во моментов ја има само богатата историја и трофеите, но иднината на клубот е потполно неизвесна. Дури можеби и сурово страшна. Вардар е пред комплетен финансиски колапс, формално правно се уште под раководство на управата назначена од рускиот спонзор Сергеј Самсоненко, но одамна тоа не наликува на организиран клуб, натрупани се долгови кон фудбалери, тренери, институции.
Вардар денеска ќе го има последниот есенски танц, ќе игра против Беласица во Струмица и потоа се оди кон она од што и сите стравуваат, целосен распад, растурање на тимот, но и клубот да оди во стечај?!
Клубот има повеќе од 3 милиони евра долгови, Сергеј Самсоненко јавно најави дека заминува уште пред почетокот на сезоната, но нема заинтересиран кој би го преземал доколку тие долгови не бидат подмирени. И Град Скопје, кој сите го повикуваат повторно да биде спасител, очекува долговите да бидат подмирени, клубот да биде среден на „нула“, како и што го довери во рацете на Самсоненко. Тој пред шест месеци најави дека ќе успее да ги подмири долгувањата, но до денешен ден, сите велат дека истите се само зголемени, речиси по сите основи…
Тренерот Александар Васоски се нафати да го води и овој набрзина склопен тим, со фудбалери кои дојдоа „на ветување дека ќе биде подобро“ во Вардар и мора да се признае дека гордо и чесно го направи тоа, тимот забележа резултати кои сигурно се далеку над организациската и финансиската поставеност на клубот во овој момент. Но, и тој ќе си замине по мечот со Беласица, затоа што Вардар, ваков каков што е, за жал, нема иднина. Сигурно дека и најголем дел од фудбалерите ќе си бараат свое чаре.
Последниот есенски танц на Вардар ќе биде во Струмица против Беласица…Да се надеваме дека нема да биде последен и на најтрофејниот клуб кој еднаш со фузија и пререгистрирање беше извлечен од бездната…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски и Клуж поразени во Суперкупот на Романија

Евро-фудбал
Дембеле прослави гол во стилот на Жота (Фото)

Евро-фудбал
Нони Мадуеке пред трансфер во Арсенал

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао
