Connect with us

После Мауро Икарди, во Галатасарај доаѓа и Хуан Мата

Турскиот гигант Галатасарај донесе две големи засилувања во своите редови во финишот на преодниот рок. По одличниот напаѓач Мауро Икарди, во Истанбул ќе пристигне и неодамнешниот играч на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата. Тој во текот на денот ќе слета во Истанбул и ќе потпише за Галатасарај.


Мата ќе стави потпис на едногодишен договор со Галатасарај. Шпанскиот фудбалер во клубот пристигнува како слободен играч бидејќи му истече договорот со Манчестер Јунајтед.

Летово во Истанбул веќе пристигнаа Дрис Мертенс, Лукас Тореира и Харис Сеферовиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови