
Португалија е новиот освојувач на Лигата на нациите! Избраниците на Роберто Мартинез по голема драма на „Алијанц Арена“ во Минхен славеа над Шпанија по изведување на пенали (5-3), откако натпреварот заврши 2-2 по регуларните 90 минути и продолженијата.
Клучен момент беше одбранетиот пенал на Алваро Мората. Диого Кошта одлично го прочита и го скроти неговиот удар од белата точка во четвртата серија.
#MorataSkills pic.twitter.com/SXl84nkAQg
— Morata Skills (@MorataSkills) June 8, 2025
Дуелот започна отворено, со шанси на двете страни. Шпанија поведе во 21. минута преку Мартин Зубименди, но радоста траеше само пет минути – Нуно Мендеш врати со прецизен удар и израмни на 1-1. До крајот на првото полувреме Шпанците го преземаа ритамот и со погодок на Микел Ојарзабал во 45. минута заминаа на пауза со предност од 2-1.
Во второто полувреме Мартинез веднаш реагираше со замени, а израмнувањето дојде во 61. минута преку ветеранот Кристијано Роналдо. Мендеш фантастично проби по левата страна, топката се одби до капитенот, кој рутински погоди за 2-2.
Во продолженијата, двете селекции имаа свои моменти, но без конечен погодок. Португалија делуваше поопасно во првото, а Шпанија во второто продолжение. Сепак, сè се решаваше од белата точка.
Головите ги постигнаа Рамош, Витиња, Фернандеш, Мендеш и на крајот Рубен Невеш, кој ја реализираше победничката пенал-серија. Клучен момент беше одбраната на Диого Кошта при ударот на Алваро Мората, што го отвори патот до трофејот за Португалците.
Со ова, Португалија ја симна Шпанија од тронот и по вторпат во историјата го освои престижното натпреварување, по првата титула во 2019 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
