Поранешниот тимски шеф на Ферари, Маурицио Аривабене, е назначен за нов извршен директор на италијанскиот калчолигаш Јувентус. Тој беше тимски шеф на Гестионе Спортива од 2014 година до крајот на 2018 година, пред да биде заменет од страна на Матиа Биното. Воедно, тој е член на бордот на директори на италијанскиот клуб од 2012 година. Официјалната објава се очекува во наредните денови.
Аривабене ќе му се приклучи на Федерико Черубини кој треба да биде унапреден за главен на спортот.
Јувентус по завршувањето на сезоната се раздели со Фабио Паратичи, а замина и тренерот Андреа Пирло. На негово место повторно доаѓа Масимилијано Алегри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













