Connect with us

Поради коронавирус, одложен мечот Брентфорд – Манчестер Јунајтед од Премиер – лигата

Натпреварот од Премиер – лигата меѓу Брентфорд и Манчестер Јунајтед, кој требаше да се одигра денеска, е одложен поради појавата на многу случаи на коронавирус кај „црвените ѓаволи“, соопшти раководството на лигата во понеделник доцна навечер.


„Одлуката за одложување на натпреварот Брентфорд – Манчестер Јунајтед е донесена по насоки на медицинските советници, а поради исклучителни околности и појава на коронавирус во тимот на Манчестер Јунајтед. Активностите на првиот тим во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед беа прекинати во понеделникот со цел да се намали ризикот од ширење на инфекцијата меѓу играчите и персоналот“, соопштија од Премиер – лигата.

Брентфорд објави дека го поддржува одложувањето на натпреварот со Манчестер Јунајтед.

„Ја почитуваме одлуката на Премиер – лигата бидејќи здравјето и безбедноста на играчите и персоналот секогаш се на прво место. На сите заразени им посакуваме брзо закрепнување и со нетрпение очекуваме да бидеме домаќини на Манчестер Јунајтед во новата година“, соопштија од Брентфорд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови