Новиот тренер на Торино, хрватскиот стратег Иван Јуриќ, сака да го засили тимот со двајца фудбалери на Наполи. Тој во средниот ред и навалната линија на Торино ги планира македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Алжирецот Адам Оунас. И двајцата не добија голема минутажа во дресот на Наполи минатата сезона, а кај Јуриќ би имале стандардно место како стартери и би се развиле во носители на играта на Торино.
Раководството на „биковите“ упатило и официјално барање до Наполи за да ги испрати Елмас и Оунас на позајмица. За тоа „наполитанците“ би добиле финансиски надомест од 5 милиони евра.
Последниот збор околу ова прашање сепак ќе го има новиот тренер на Наполи, Лучијано Спалети. Елмас и Оунас се трудат да се докажат пред новиот стратег. Спалети имаше многу пофални зборови за Елмас нарекувајќи го фудбалски феномен.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski