
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Шпанија го поништи црвениот картон на новото засилување на Бетис, Ентони. Со оваа одлука, Бразилецот ќе може да настапи против Реал Мадрид во претстојното коло од Ла Лига.
Раководството на Бетис успешно ја обжали одлуката за исклучувањето на Ентони во завршницата од натпреварот против Хетафе во неделата.
Комисијата потврди дека фудбалерот нема да биде суспендиран и се согласи со аргументите изнесени во жалбата на Бетис.
Ова значи дека Ентони ќе биде на располагање за дуелот против Реал Мадрид на 1 март на „Бенито Вилјамарин“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Донарума се договори со Манчестер Сити

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Победата е најважна, патот е долг

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
