МАКФУДБАЛ во Тбилиси,
Фудбалската репрезентација на Македонија губи со 1-0 против Грузија во Тбилиси, во петтиот натпревар од Лигата на нации. Во 35. минута, Бојан Миовски несреќно си постигна автогол по акцијата на Кварацкелија.
Стефан Спировски во третата минута влезе во шеснаесетникот и беше згазнат од противнички дефанзивец. Но, судијата Иван Кружлиак не се реши за пенал.
Во 20.минута, Енис Барди шутираше од слободен удар, но директно во Мамардашвили.
Потоа дојде редот на Грузија. Абурџанија шутираше одлично во 34.минута, но Столе Димитриевски имаше убава интервенција и исфрли во корнер.
Само една минута подоцна, Квича Кварацкелија продре по десната страна, уфрли во петерецот, а топката го погоди Бојан Миовски и заврши во мрежата.
— yjhngg (@yjhngg2) September 23, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













