Во Третата лига понекогаш е поинтересно и од елитата. Таков беше денешниот дуел меѓу Еуромилк Горно Лисиче и Шкендија Арачиново кој на крајот му припадна на домаќинот со 2-1.
Еуромилк Горно Лисиче сериозно се заили оваа зима и доведе дури и поранешни прволигашки имиња во својот состав, а тие го одлучија и мечот.
Гостите поведоа во 11. минута преку Елмир Алији, но Еуромилк Горно Лисиче направи пресврт уште во првото полувреме.
Филип Петковски во 31. минута израмни на 1-1, а Стојан Стојчевски во 40. минута донесе пресврт.
Куманово води на табелата во Третата лига Север со 37 бода, пред Шкендија со 33, а Еуромилк Горно Лисиче и Фортуна имаат по 32 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













