Пол Погба имаше успешна операција на коленото. Францускиот играч за врска на Јувентус на социјалните мрежи објави дека интервенцијата поминала без компликации.
Погба заработи повреда за време на претсезоната и нема настап во оваа сезона.
Играчот од средниот ред објави видео на социјалните мрежи во кое вели:
„Добро сум – операцијата помина многу добро. Ќе се опоравам и ќе се вратам“.
Се очекува Погба да ги продолжи тренинзите со Јувентус во јануари и да го пропушти Светското првенство во Катар на крајот на годината.
„Го очекуваме Погба во јануари. Светското првенство не е мој проблем, во Јувентус ни е важно тој да се врати во јануари“, изјави тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












