Францускиот фудбалер Пол Погба е блиску до враќање на големата сцена откако му беше укината суспензијата поради допинг, а според најновите информации – тој е во напредни преговори со Монако.
Погба не настапувал на високо ниво речиси две години, откако во август 2023 година падна на допинг тест додека беше играч на Јувентус. Првично беше суспендиран четири години, но по жалбен процес, успеа да докаже дека недозволените супстанции не се внесени намерно, па казната му беше значително намалена.
Според „Ле Паризиен“, Погба сам се понудил на Монако, каде веќе се водат конкретни преговори. Во клубот од Кнежевството размислуваат да му дадат едногодишен договор, со можност за продолжување доколку ги оправда очекувањата. Не е исклучено Погба да оди и на проба, за да се процени неговата физичка подготвеност.
Во последните месеци, Погба интензивно тренира и е во многу добра физичка форма, што им дава надеж и на него и на Монако дека соработката може да биде успешна.
Доколку се реализира трансферот, Погба би имал шанса повторно да игра во Лигата на шампионите и да ја оживее својата кариера која беше во сериозна криза.
Последниот натпревар на Погба беше во август 2023 година за Јувентус, по што се повреди, а потоа следеше и допинг аферата.
Во наредните недели се очекува конечна одлука – дали Монако ќе го потпише Погба и дали ќе го видиме неговиот вистински камбек.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













