Обвинителството во Париз покрена официјална истрага против мароканскиот интернационалец од Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими (24) поради обвинувањата за силување. На Хакими му е забрането да има контакт со младата жена, но дозволено е да ја напушти француската територија, соопшти обвинителството.
Ниту ПСЖ, ниту Хакими, засега не ги коментираат обвинувањата во последните денови.
„Ле Паризиен“, кој прв ја откри истрагата, објави дека 24-годишната жена отишла во полиција во неделата и тврдела дека Хакими ја силувал во неговиот дом во близина на Париз во саботата. Девојката не поднела официјална тужба, но обвинителството сепак одлучило да го истражи случајот.
Во саботата, на 25 февруари, девојката требало да оди во неговиот стан, а фудбалерот на ПСЖ и испратил „убер“. Таа во полиција изјавила дека нивната средба излегла од контрола. Според нејзините тврдења, тој ја бакнувал, ја соблекол и имал секс со неа и покрај нејзиниот отпор.
Девојката потоа наводно го оттурнала и успеала да испрати порака до една од нејзините пријатели да дојде да ја земе.
Откако обвиненијата за силување протекоа во јавноста, сопругата на Хакими најави дека ќе побара развод.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













