
Францускиот првак Пари Сен Жермен имаше блескав настап на „Камп Ноу“ против Барселона во првиот дуел од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Килијан Мбапе постигна хет – трик и ги водеше „светците“ до убедлив триумф (1-4).
Тренерот Маурисио Покетино изјави дека клубот работи на проектот Мбапе да остане во Париз уште неколку години.
„Мбапе е вонсериски фудбалер, мислам дека неговото издание беше фантастично, сите имаа можност да се уверат во тоа. Клубот посакува тој да остане уште долго во Пари Сен Жермен и се работи на проектот. Набрзо треба да се знае многу повеќе околу иднината на Мбапе“, изјави Покетино.
Тој потенцираше и дека немал никаков посебен разговор со Лионел Меси.
„Само се поздравивме. „Добар ден“ и „Пријатно“ беа зборовите што ги разменивме. Ова е натпревар од ЛШ каде секој е на својата страна“, истакна тренерот на ПСЖ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
