
Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, одржа прес-конференција пред утрешната пресметка со Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Аргентинскиот стратег изрази голема почит кон противникот, велејќи дека неговиот тим во никој случај не е фаворит во овој двомеч.
„Победив со Тотенхем во Мадрид во 2017 година. Бевме први во групата, победивме 2-1. Сега сум со ПСЖ. Почнавме да го градиме овој тим минатото лето. Секако дека има одлични играчи, но Реал Мадрид има навика за да победува во ЛШ. Ако го погледнете нашиот ривал, понекогаш тие не се добри во првенството, во Купот на кралот, но во Лигата на шампионите играат и победуваат“, изјави Покетино.
Тој верува дека Лионел Меси може да ја донесе разликата во корист на ПСЖ.
„Ова се важни вечери и Лео Меси може да пренесе многу работи од неговото индивидуално искуство на тимот. Неговата улога може да биде фундаментална. Мислам дека нема фаворит – шансите се подеднакви. Го почитуваме Реал Мадрид како еден од најголемите клубови во светот. Тоа што го направи Реал во Лигата на шампионите е уникатно. ПСЖ сонува да го освои овој турнир веќе 50 години. Ние сме претенденти. За разлика од нас, Реал Мадрид имаа навика да го освојува најважниот трофеј“, истакна Покетино.
Пари Сен Жермен утревечер ќе го пречека Реал Мадрид на „Паркот на принцовите“ во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда
