Connect with us

Покетино: Мбапе е играч на ПСЖ, има договор уште една сезона

Многу се зборува за заминување на Килијан Мбапе од Париз, а се огласи и неговиот тренер Маурисио Покетино. Тој изјави дека го гледа напаѓачот во иднина како член на „светците“, без оглед на гласините што кружат за заминување во Реал Мадрид.


„Мбапе напредува добро. Го гледам со нас следната сезона. Има многу гласини, но тој е мирен”, изјави Покетино.


Иако му беше понудено продолжување на соработката, Мбапе тоа го одби.


„Тој има уште една година договор со нас. Иако не продолжува, тој е сепак наш играч”, јасен е Покетино.
Трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид се најавува многу долго, но засега нема ништо од реализацијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови