Еден од моментите што го одбележа дербито на францускиот шампионат меѓу Пари Сен Жермен и Лил беше одлуката на Маурисио Покетино да го замени Лионел Меси на полувремето, што предизвика многу шпекулации.
Набргу по натпреварот, аргентинскиот стручњак одговори дека неговиот сонародник е повлечен од игра поради повреда, а сето тоа е направено во консултација со лекарскиот тим.
„Меси имаше повреда и моравме да почекаме. Разговаравме со докторот и одлучивме дека е подобро Лео да не игра во второто полувреме, како мерка на внимателност. Не можеше да продолжи, но тоа не е голем проблем. Ќе биде подготвен за следниот натпревар“, изјави Покетино.
ПСЖ со пресврт го победи Лил со 2-1, а сега има девет бода и натпревар повеќе од најблискиот ривал на табелата, тимот на Ленс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













