
Пол Погба дефинитивно нема да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед. Соработката на Французинот со „црвените ѓаволи“ истекува во летото 2022 година, а за неговите услуги се заинтересирани Јувентус, ПСЖ и Реал Мадрид.
Од друга страна, свесни дека ќе го загубат, челниците на клубот од „Олд Трафорд“ се фрлија во потрага по адекватна замена. Според британските и италијанските медиуми, изборот паднал на Марсело Брозовиќ.
Договорот на Хрватот со Интер истекува следното лето, а се уште нема на повисок нов договор, па јасно е дека Јунајтед ќе излезе со понуда која нема да може да ја одбие.
Брозовиќ побара од Интер годишна плата од 6 милиони евра, а Марота нуди „само“ 5 милиони. А кога се во прашање парите, тоа не е проблем за тимовите од Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
