
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба дефинитивно ќе ги пропушти натпреварите против Казахстан и против Финска во финишот на овој циклус од квалификациите за Светското првенство. Погба се повреди синоќа на првиот тренинг на селекцијата на „триколорите“ кога почувствува болка по удар кон голот.
Французинот веднаш го напушти теренот поради повреда на бутниот мускул, а по прегледот беше утврдено дека нема да може да им помогне на соиграчите во ноември.
Селекторот Дидие Дешамп веднаш повика замена, на тимот е приклучен фудбалерот на Рома, Џордан Верету.
Франција е лидер во групата Д со победата против Казахстан и дефинитивно би обезбедила пласман на Светското првенство во Катар следната година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
