Connect with us

Подолски се врати дома

Лукаш Подолски е во фокусот бидејќи реши да ја заврши својата богата фудбалска кариера на најдобар можен начин. Светскиот шампион од 2014 година и поранешен репрезентативец на Германија, потпиша за полскиот клуб Горњик Забрже и со тоа се врати дома.


Како што е познато, Подолски има полско потекло, а тој е роден во Гљивице, место оддалечено само 12 километри од Забрже.


Семејството Подолски се пресели во Германија наскоро по неговото раѓање, која стана негова земја, играше за германската репрезентација, но корените беа очигледно посилни и на крајот го донесоа Лукас во Горњик.
Подолски во својата кариера има играно за Келн, Баерн Минхен, Арсенал, Интер, Галатасарај, Висел Кобе и за Анталија.


Одигра 130 натпревари за германската репрезентација и постигна дури 49 погодоци, а најголемиот успех го доживеа на Светското првенство во Бразил кога стана светски шампион. Подолски има 36 години и го избра најдобриот можен начин да ја заврши кариерата, во областа каде што е роден.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови