Со седумте натпревари од првата рунда почнува новото издание на Купот на Македонија. Според правилата за одредување на двојките во ова натпреварување, екипите кои се во повисок на ранг играат на гостински терен.
Серијата натпревари денеска почнува со дуелот меѓу Шкендија Арачиново и Каменица Саса, стартот е закажан за 15:30 часот.
Башкими 2008 го пречекува Детонит, Карбинци е домаќин на Работнички, Евротип Онлајн ќе се соочи со Силекс, а Охрид Лихнидос за противник ја АП Брера.
Во останатите две средби Победа Валандово игра против штипска Брегалница додека Љуботен се соочува со Македонија ЃП, а Тетовци се домаќини на стадионот во Ѓорче Петров.
Почетокот на овие средби е закажан за 16 часот.
Мечот Беласица – Арсими ќе се одигра утре, а останатите средби се играат во текот на следниот месец.
На трети септември на програмата се мечевите Тетекс – Пелистер и Пчиња – Новаци, на деветти се среќаваат Победа Прилеп – Башкими Куманово додека следниот ден играат Кожуф – Шкупи, Скопје – Тиквеш и Јени Мале Спорт – Шкендија.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16 ФИНАЛЕ
КУМАНОВО 15:30ч
ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО – КАМЕНИЦА САСА
ВЕЛЕС 16:00
БАШКИМИ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
КАРБИНЦИ 16:00
КАРБИНЦИ – РАБОТНИЧКИ
НОВАЦИ 16:00
ЕВРОТИП ОНЛАЈН – СИЛЕКС
ВАЛАНДОВО 16:00
ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА ШТИП
СКОПЈЕ 16:00
ЉУБОТЕН – МАКЕДОНИЈА ЃП
СРЕДА 27.08
СТРУМИЦА 16:00
БЕЛАСИЦА – АРСИМИ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













